Израел

Убиен командант на Хамас во Рафах

14.03.2024 09:01

Убиен командант на Хамас во израелски напад врз магацин за храна на Унрва во Рафах. Во нападот се убиени уште четворица и повредени 22-ца ...

Убиен командант на Хамас во израелски напад врз магацин за храна на Унрва во Рафах. Во нападот се убиени уште четворица и повредени 22-ца. САД велат – помагањето и заштитата на цивилите мора да биде приоритет на Израел.

„Обезбедувањето на хуманитарна помош, правењето сè што е можно за заштита на цивилите треба да биде приоритет, а не споредна работа. Би рекол каде што има волја, има и начин. Ја следиме владата на Израел за да се увериме во тоа“, изјави Ентони Блинкен – државен секретар на САД.

Додека цивилите нестрпливо ја очекуваат храната што треба да пристигне по морскиот коридор од Кипар, САД продолжи со доставува од воздух. Лидерот на Хезболах обвини за лицемерие. САД можат да ја запрат војната веднаш-истакна Насрала.

„Оваа приказна за фрлање на храна го насмеа светот. Ова не само што е американско лицемерие, туку е и американска глупост. Со еден потег на пенкалото Бајден може да ја запре војната во Газа“, изјави Хасан Насрала – лидер на Хезболах.

Продолжија и нападите во Црвено Море против јеменските Хути. Грчки воен брод собори два дрона, додека американските сили соборија една ракета и четири беспилотни летала.