Хаити
Дел од персоналот на ООН го напушта Хаити
14.03.2024 09:09
Дел од персоналот на ООН реши да го напушти Хаити поради безбедносни причини. Ситуацијата и останува тензична и нестабилна ...

Жителите на Хаити се обидуваат да ја обноват секојдневната рутина, додека го чекаат новото раководство на земјата откако премиерот Анри се согласи на оставка.
Ситуацијата и останува тензична и нестабилна. Дел од персоналот на ООН реши да го напушти Хаити поради безбедносни причини.
Од организацијата велат дека внимателно ја следат ситуацијата и дека ќе останат мал број нивни нивните колеги кои спроведуваат спасувачки активности.
