Почина бугарскиот патријарх Неофит
Патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит почина синоќа на 79-годишна возраст по долго боледување, а веста е објавена на веб-страницата на бугарскиот свет синод...

Патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит почина синоќа на 79-годишна возраст по долго боледување, а веста е објавена на веб-страницата на бугарскиот свет синод.
„Браќа и сестри, на 13 март 2024 година, по долго боледување на Воено-медицинската академија (ВМА-Софија) во 22:22 часот, поради повеќекратно откажување на органите почина Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит Софиски г. Неофит, патронот на нашата света православна црква“, се наведува во соопштението.
Неофит за патријарх на Бугарската православна црква беше избран во февруари 2013 година.
