здравје

Познати видови на сирења

14.03.2024 22:01

Меѓу најпопуларните италијански сирења се моцарела, горгонзола, маскарпоне и рикота...

Италијанската кујна е широко популарна по многубројните видови тестенини, пици, вкусни брускети и квалитетните сирења и кашкавали. Меѓу најпопуларните италијански сирења се моцарела, горгонзола, маскарпоне и рикота. 

Моцарелата, најпопуларното италијанско сирење, традиционално се прави од биволско млеко, но почесто може да се најде и од кравјо млеко. Моцарелата е одлично предјадење а неопходна е и на пица.

Маскарпоне-неговата кремаст го прави совршен за нанесување на се, од тост до крекери. Сепак, најчесто се користи за подготовка на италијански десерти како што е тирамису.

Рикота, прекрасно зрнесто сирење со богат и кремаст вкус кое потекнува од Сицилија. Често се меша со цимет и други зачини во слатките јадења. Рикотата традиционално се правела од овчо и козјо млеко.

Од градот Горгонзола во еден од најплодните вински региони во Италија доаѓа исконското сино сирење. Има слатки и зачинети верзии на горгонзола. Горгонзола е исклучително богато со витамини Б2, Б6 и Б12, кои се многу важни за нервниот и имунолошкиот систем.

Свежото кравјо сирење е исто така корисно бидејќи има малку маснотии и многу протеини. Истражувањата покажаа дека може да го намали ризикот од рак на дојка. Содржи и фосфор, кој е особено корисен за трудниците.

Бурата е меко, бело и кремасто италијанско сирење. Во светот има и натпреварување и за најдобро сирење.