Благиот компир- богат со корисни состојки

15.03.2024 12:15

Благиот компир е добар за децата, спортистите и дијабетичарите, затоа што дава енергија. Во себе не содржи холестерол. Претставува и богат извор на диетални влакна, неопходни за правилно функционирање на метаболизмот.

Благиот компир или батат е богат со корисни состојки за нашиот организам. Содржи растителни влакна, многу скроб, а многу малку масти. Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана зошто е богат со јаглехидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, железо, магнезиум). Консумирањето на бататот може да помогне и во намалувањето на воспаленијата.

Потекнува од Јужна Америка и денеска е широко распространета култура во тропските делови. Најголем светски произведувач е Кина со 80 отсто од светското производство, потоа Индонезија и Уганда.

Благиот компир е добар за децата, спортистите и дијабетичарите, затоа што дава енергија. Во себе не содржи холестерол. Претставува и богат извор на диетални влакна, неопходни за правилно функционирање на метаболизмот.

Во себе содржи големи количини на бета-каротен (200 грама од слаткиот компир дава иста количина на бета-каротен како и пет килограми брокула). Бета-каротенот често се нарекува и провитамин А, зошто организмот во зависност од потребите, го претвора во витамин А. Овој витамин игра битна улога во одржување на здрава кожа. Исто така го стимулира функционирањето на имунолошкиот систем.

Благиот компир може да се подготвува како и обичниот компир – варен, печен, пржен и како пире. Подобро е да се подготвува на пареа отколку да се вари во вода.