Избори

Политички препукувања за претседателските избори

18.03.2024 18:04

Изборната кампања сè уште не е почната, а на сцена обвинувања меѓу партиите. Во албанскиот блок и натаму препукувања. Инаку денеска Таравари, кој зад себе ја има коалицијата „Вреди“ и Стевчо Јакимовски од „Гром“ ги поднесоа кандидатурите до Државната изборна комисија.

Кој кого напаѓа и клевети во албанскиот политички кампус низа обвинувања едни кон други. Демократската унија за интеграција е загрижена поради обвинувањата и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери. Дури, предупредуват за руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај. Техничкиот премиер, Џафери воздржан. Има кој ги испитува сите обвинувања.

Арбен Таравари, пак, претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“, вели дека во неговата програма ќе бидат опфатени сите суштински проблеми на граѓаните. Ги кани на дебата сите претседателски кандидати во сабота во Тетово да дискутираат за проблемите на граѓаните, но и одговори на прозивките од ДУИ.

Таравари, но и Стевчо Јакимовски ги поднесоа кандидатурите до ДИК. Јакимовски убеден дека со поддршката која ја има ќе влезе во вториот круг од претседателската трка.

Претседателските кандидатури се поднесуваат до 19-ти март на полноќ. 7-мина ќе ги трчаат претседателските избори.

 

Миле Ристески