Реакција на Јакимовски откако го ставија на „црната листа“ на САД
Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски е изненаден од одлуката на САД да биде ставен на „црната листа“ ...

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски е изненаден од одлуката на САД да биде ставен на „црната листа“ и најави дека ќе поднесе кривична пријава против н.н. сторител.
Јакимовски, како што изјави вечерва, нема да се повлече од изборната трка.
Според него, САД се стратешки партнер на земјава, „но, нашите интереси се едно, а нивните друго“. Јакимовски е лидер на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), а денеска и официјално ја поднесе кандидатурата за претседател на државата откако изминатиот период успеа да ги собере потребните 10.000 потписи.
Неговата реакција за „црната листа“ во најголем дел се однесуваше на тоа дека ова се случува поради неговата кандидатура бидејќи, како што тврди, ја има поддршката од гласачите за да се пласира во вториот круг од изборите.
