Велес повторно под вода
Краткотрајниот пороен дожд повторни наполни дел од улиците во Велес со вода.Нема дојави за настаната материјална штета, велат од ЦУК. Локалната самоуправа размислува со европски пари да започне проект за изградба на атмосверска канализација...

Повторно дожд и одново дел од улиците во Велес се наполнија со вода. Најмногу мака видоа возачите. По главната улица сообраќајот се одвиваше отежнато.
„Од цела населба од ридот тука се камењата, еве одвај се вози“.
„Неможе да се вози еден ќе застане ќе го блокира целиот сообраќај“, велат анкетираните возачи.
Дека само дел од улиците во Велес се под вода највпечатливо е на крстосницата кај семафорите. Две улици беа полни со вода, а две не.
Специфичната конфигурација што ја има Велес но и немањето на атмосверска канализација е причина после секој дожд улиците на Велес да изгледаат вака.
Изградбата на неколкуте атмосверски шахти не го дадоа посакуваниот резултат. Кога има пороен дожд тие немаат капацитет да ја соберат сета вода. Единствено решение е изградба на атмосверска канализација. Но, тоа финансиски самата општина неможе да го направи.
„Самата изградба на антмсверската канализација кошта повеќе милиони евра, тоа значи дека единствен излез од оваа ситуација е да биде иработена студија која ќе се финансира со пари д ЕУ“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Од Центарот за справување со кризи велат дека засега немаат пријави за настаната штета од денешниот пороен дожд.
Дијана Иванова
