Банана - супер овошје
Хранливо овошје кое влегува во улогата на чувар на нашето здравје. Богато со витамини, минерали и растителни влакна, ова жолто тропско овошје освен сладок вкус нуди и многу бенефиции.

Бананата е супер овошје кое треба да го консумирате барем еднаш дневно. Хранливо овошје кое влегува во улогата на чувар на нашето здравје. Богато со витамини, минерали и растителни влакна, ова жолто тропско овошје освен сладок вкус нуди и многу бенефиции.
Направено е едно истражување во кое се докажува дека луѓето кои страдаат од депресија се чувствуваат многу подобро откако ќе изедат банана. Бананите се богати со Б6 и ја регулираат гликозата.Бананите содржат калиум и мал процент на сол, тоа го регулира крвниот притисок. Оние кои јадат банани имаат помали шанси за мозочен удар.
Не ја фрлајте лушпата од бананата во лето, бидејќи може да ви го намали иритирачкото чешање предизвикано од убод од комарец. Бананите се одличен извор на енергија, а исто така го намалуваат интензитетот на нагоните за повраќање. Еднаш или двапати дневно протријте го делот од кожата засегнат од псоријаза со внатрешноста на лушпа од зрела банана. Бананите можат да ви послужат и за разубавување, затоа што ја навлажнуваат и омекнуваат кожата.