ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024- ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување за кандидатите за претседател на претседателските избори 2024.
МРТ ги повикува сите политички субјекти кои учествуваат во изборниот процес за претседател во првиот круг од претседателските избори 2024 да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на Првиот програмски сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:
- Секој работен ден од 4.04.2024 до 10.04.2024, од 12.00 до 15.00 часот во студијата на Македонската телевизија.
МРТ ги известува политичките субјекти дека правото за бесплатното политичко претставување треба да го искористат за афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени предвид за емитување.
Снимениот материјал ќе се емитува во периодот од 8.04.2024 до 12.04.2024 година, од 16.00 до 23.00 часот на Првиот програмски сервис.
Закажувањето на снимањата на претставниците на политичките коалиции и партиите се најавува на следниот телефонски број: 076 467 743 или на електронската адреса [email protected].