Сцена

Најавено ново продолжение на „Пирати од Карибите“

28.03.2024 08:51

Продуцентот Џери Брукхајмер, кој претходно работеше на сите пет филмови од авантуристичкиот серијал „Пирати од Карибите“, во интервју за „Комикбук“ (ComicBook) најави ново продолжение ...

Продуцентот Џери Брукхајмер, кој претходно работеше на сите пет филмови од авантуристичкиот серијал „Пирати од Карибите“, во интервју за „Комикбук“ (ComicBook) најави ново продолжение.

Всушност, Брукхајмер рече дека ќе се снима видоизменета преработка на оригиналната приказна, не откривајќи други подробности. Филмскиот работник не сподели временска рамка за снимањето или датум на прикажување на филмот. Во првичниот серијал филмови глумеа Џони Деп, Орландо Блум и Кира Најтли.

Вкупната заработка од сите пет филма досега се проценува на 4,52 милијарди долари.