Судство

Корупцијата во земјава тема и на Националната конвенција за ЕУ

28.03.2024 15:05

Корупцијата, која е една од слабостите и се нотира во речиси секој извештај, беше дел од дискусијата денеска на Националната конвенција за Европската унија. Констатирана е потреба на дополнување на Кривичниот законик по предлог-директивите на ЕУ...

Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи, се дел од препораките и нотираните слабости од страна на правните експерти од земјава и од странство.

Се препорачува, иницијативите кои произлегуваат од извештаите на владеење на правото на ЕУ, сериозно да бидат земени предвид и поактивно да се дејствува во таа насока.

Констатирана е потреба на дополнување на Кривичниот законик по предлог-директивите на ЕУ, со цел усогласување со европската регулатива.

Соочување со предизвиците, дури и кога тие се непријатни, препорачува поранешниот член на преговарачкиот тим при евроинтегративниот процес на Хрватска, непрецизирајќи дали тоа се однесува на уставните измени.

Дијалог меѓу државните институции, мала и ефективна администрација, транспарентност, се дел од неопходните реформи.

 

Марина Стојанова - Тонева