Одделението за радиологија во велешка болница започна со далечинско читање на резултатите
Откако велешката болница остана без доктори радиолози и немаше кој да ги чита резултатите на пациентите, се постигна договор 11 доктори од Скопје со далечинско, телеметриско читање да им помагаат на пациентите и без физичко присуство да ги читаат резултатите

Откако Одделението за радиодијагностика во велешката болница минатата есен остана без доктори специјалисти, пациентите наидоа на сериозен проблем, немаше кој да ги чита резултатите од снимките. Поради тоа одделението се реорганизира, се следат светските текови, се започна со читање на резултатите од далечина.
До готов специјалист не се доаѓа лесно, зад тоа стои обемна едукација која трае околу пет години. Додека стигнат двајца доктори кои се на специјализација по радиологија, се работи со телеметриско читање, а 11 доктори од Скопје се на распоред за велешка болница, секој ден по 24 часа.
По оваа реорганизација, бројот на снимени пациенти во одделението за дијагностика на компјутерска томографија секој месец се зголемува. За четири месеци се направени 900 прегледи на компјутерска томографија и 2.060 прегледи на скелет и бели дробови. И во кабинетот за дојка се забележува тренд на зголемување на снимањата, вкупно 230 снимања за три месеци.
Петар Печков
