Скопје преплавено со странски туристи

18.06.2014 16:59

Во Скопје доаѓаат се повеќе туристи. Им се допаѓа градот велат дека се воодушевени од Центарот. Секоја година нивната бројка е се поголема. Од македонското мени уживаат во тавче гравче, ајвар, пинџур... Туристичките агенции велат дека Македонија е со богата понуда за странските посетители, може да се задоволи вкусот на секого...

Скопје е преплавено од странски гости. Во центарот на градот има се повеќе туристи од Турција, Холандија, Кина. Со фото-апарати уживаат во модерниот лик на метрополата. Велат воодушевени се од тоа што го нуди Скопје како туристичка дестинација.

„Градот е убав, луѓето се пријателски расположени и храната е убава... Преубаво е, се изненадив од тоа колку се високи статуите, навистина е преубаво... Јас мислам дека е многу убаво, прекрасно е и луѓето се гоелми пријатели... Ми се допаѓаат спомениците... Го сакам скопје, градот е убав луѓето се добри“, велат туристите кои случајно ги анкетиравме.

Хотелиерите велат дека имаат многу работа овој период од годината.странците најмногу сакале да пробаат од традиционалните јадења и да уживаат во македонското вино.

„Имајќи во предвид дека минатата година некаде околу 30 проценти од гостите ни беа туристи оваа година бележиме пораст од некаде околу 15 %“, вели Бојан Ристевски – менаџер на хотел во Скопје.

„За оние кои се стационирани овде за подолг период минимум од 7 дена имаме голема понуда и тоа еднодневни разгледи, Охрид, Битола, Скопје, Источна и Западна Македонија“, вели Сузана Зелениковска, вработена во туристичка агенција.

Македонија има што да им понуди на странците- велат од здружението на туристички водичи. Најатрактивен е новиот театар.

„Не очекуваат многу од Скопје, меѓутоа кога ќе дојдат веќе со сето ова што е ново направено, новите музеи, Археолошкиот музеј пред се, новиот тетар, остануваат импресионирани дека не очекувале толку многу од Скопје како мал град“, вели Бранко Босилко, претседател на Здружението на туристички водичи.

Последниве години има раст на странските гости во Македонија. Најбројни се Турците, Грците и Србите. Според бројките на државната статистика, во првите четри месеци годинава дошле за 3,5% повеќе странски туристи од истиот период лани.

Ако пред неколку години Охрид важеше за најпосетена дестинација од туристите, сега Скопје може слободно да се пофали дека го зазема приматот на туристичката мапа. Дека Скопје е со се поголема посетеност од туристите може да се забележи ако се прошета низ главниот град- секој ден може да се сретнат туристи од различни земји.

Ана Јосифоска- Тодоровска