Со политички дијалог ќе се решава опозицискиот бојкот

18.06.2014 17:19

Никола Груевски го покани првиот човек на Социјалдемократите, Зоран Заев на средба. Тој експресно ја прифати...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го покани првиот човек на Социјалдемократите, Зоран Заев на средба. Тој експресно ја прифати. Со политички дијалог ќе се бара решение за предизвикот пред кој е исправена Македонија поради опозицискиот бојкот. 
 
Го поздравуваме фактот што СДСМ конечно препозна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е спремна за дијалог во интерес на граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Во тој контекст Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го поканува Зоран Заев Претседател на СДСМ на средба во петок во 13 часот и на тој начин да се отпочне дијалогот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Претседателот на СДСМ ја прифаќа поканата за средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, соопшти СДСМ попладнево.
 
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја прифаќа поканата за средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Терминот за средба дополнително ќе биде утврден, соопшти партијата.