ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024- ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио- телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување за кандидатите за пратеници на парламентарните избори 2024.
МРТ ги повикува сите политички субјекти со потврдени листи за пратеници од Државната изборна комисија да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на Првиот програмски сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:
Секој работен ден од 18.04.2024 до 26.04.2024 од 12.00 до 15.00 часот во студијата на Македонската телевизија.
МРТ ги известува политичките субјекти дека правото за бесплатно политичко претставување треба да го искористат за афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени предвид за емитување.
Снимениот материјал ќе се емитува во периодот од 29.04.2024 до 02.05. 2024 година од 16.00 до 23.00 часот. Закажувањето на снимањата на претставниците на политичките коалиции и партиите се најавува на следниот телефонски број: 071 350 848 или на електронската адреса: [email protected].