Ванковска: Трите меѓународни договори се штетни за државата
Укинување на Охридскиот, Преспанскиот и на договорот со Бугарија, кои се штетни и ја влечат државата надоле – ова е ставот и заложбата на кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска. Таа денеска имаше средби со граѓани во Гази Баба и во Неготино…

Македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред – рече кандидатката Ванковска на средбата со граѓаните на Неготино. Таа во својата програма нуди раскинување на трите договори кои според неа ги понижуваат македонските граѓани.
Трите меѓународни договори – Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија нè влечат надоле како тегови, поради нив не можеме да имаме развиена демократија, да имаме правна држава, ниту еднакви граѓани – смета кандидатката за претседател од Левица.
Таа порача дека народот прво треба да си го врати достоинството, а потоа да биде горд на своите битки.
Според Ванковска, членството во најголемата воена алијанса, НАТО само ја истоштува и онака кревката економија на земјава. На средбата со граѓаните, таа потенцираше дека нејзината програма доаѓа од потребите што го тиштат народот.
Марина Стојанова-Тонева
