Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

11.04.2024 18:04

„Монополот е врвна игра за недвижностите... Како и сите најдобри оригинални игри, и оваа зарази генерации низ целиот свет, и ние сме толку возбудени што ќе ја оживееме оваа игра заедно со прекрасните тимови на 'Хасбро' и 'Лајонсгејт',“ се вели во соопштението.

По светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа на „светот на пластиката“. Се подготвува филм заснован на друштвената игра „Монопол“, пишува „Варајети“.

Продуцентската компанија на Роби, „Лакичап“ ќе ја пренесе играта на големиот екран.

„Монополот е врвна игра за недвижностите... Како и сите најдобри оригинални игри, и оваа зарази генерации низ целиот свет, и ние сме толку возбудени што ќе ја оживееме оваа игра заедно со прекрасните тимови на 'Хасбро' и  'Лајонсгејт',“ се вели во соопштението.

Фирмата „Лакичап“ што Роби ја води со својот сопруг Том Акерли и колегата-продуцент Џози Мекнамара, го продуцираше филмот номиниран за „Оскар“, „Барби“, којшто им донесе над милијарда долари заработка на киноблагајните.