Lenny Kravitz се враќа во Охрид за илинденските празници!
Lenny е секогаш Lenny: A класа светски артист чии концерти се највозбудливото искуство кое може да го приреди live индустријата денес. Но, овој пат доаѓа поголем од било кога до сега...

Авалон продукција го враќа Lenny Kravitz во Охрид, на истото место и скоро во истото време, за илинденските празници, на 4-ти август.
„Lenny е секогаш Lenny: A класа светски артист чии концерти се највозбудливото искуство кое може да го приреди live индустријата денес. Но, овој пат доаѓа поголем од било кога до сега, како дел од европската турнеја „Blue Electric Lights 2024“, во која претежно ќе биде хедлајнер на многу светски, големи фестивали, како и неколку соло концерти, во кои спаѓа токму и охридскиот. Lenny во моментов е номиниран за член на „Rock and Roll Hall of Fame“, а неговиот нов албум со наслов „Blue Electric Lights“ излегува на 24-ти мај. И, за крај … да, Lenny сакаше да се врати во Охрид“-соопштуваат од продукцијата.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (17-ти април) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk, во продажната мрежа на ticketx низ Македонија и во неколку алтернативни продажни места во Охрид.