Избори 2024

Пендаровски: Опозицијата да каже каков е нивниот план за влез во ЕУ

17.04.2024 11:36

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски ја прозва опозицијата да каже каков план имаат да ја внесат Македонија во Европската унија...

Пендаровски од митингот во Велес ја прозва опозицијата, јавно да каже каков е нивниот план за влез во ЕУ. Дали е можно истите луѓе кои 11 години го создавале и одржувале најмрачниот режим во поновата македонска историја, да водат поинаква политика, праша Пендаровски, па одговори дека тоа не е можно оти сегашната политичка гарнитура од врвот на ВМРО-ДПМНЕ биле автократи и диктатори.

И токму кога помисливме дека ќе одиме на забрзана пруга за членство во ЕУ, освен источниот сосед, најголемата опозициона партија од теснопартиски интереси не блокирала на патот кон Европа. Пендаровски кажа дека во неговиот петгодишен мандат се направени многу крупни работи, а најкрупната била влезот во НАТО, каде малата Македонија со 1,8 милиони луѓе седи на иста маса со супер силите.

 

Петар Печков