ИХФ ги објави домаќините на СП во 2029 и 2031 година
На вчерашниот вонреден конгрес на Светската ракометна федерација ИХФ одржан во француски Кретеј беа одредени и домаќините на следните две светски првенства во машка конкуренција...
На вчерашниот вонреден конгрес на Светската ракометна федерација ИХФ одржан во француски Кретеј беа одредени и домаќините на следните две светски првенства во машка конкуренција.
Франција заедно со Германија ја доби организацијата на изданието во 2029 година, додека по повлекувањето на кандидатурата на Саудиска Арабија светското првенство во 2031 година ќе биде во Скандијавија со три земји организатори: Данска, Исланд и Норвешка.
Се шпекулира дека воведниот натпревар на СП 2029 година би можел да се одржи во арената Нантер со 40.000 места.
Светското првенство за ракометарки во 2029 ќе се одржи во Шпанија, додека домаќини на женскиот ракометен Мундијал во 2031 ќе бидат Чешка и Полска.