Лејкерс се пласираа во плејофот на НБА-лигата

17.04.2024 11:04

Противник на Лејкерс во серијата прв до четири победи ќе биде актуелниот шампион Денвер нагетс...

Со победата над Њу Орлеанс пеликанс 110:106 остварена ноќеска во првиот натпревар од плејин турнирот, кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс изборија учество во првото коло на НБА плејофот.

Противник на Лејкерс во серијата прв до четири победи ќе биде актуелниот шампион Денвер нагетс. Воведниот натпревар од серијата е закажан за в сабота.

Минатата сезона, Нагетс ги исфрли Лејкерс во финалето на Западната конференција.

Њу Орлеанс по поразот Лејкерс ќе има уште една шанса за пласман во разигрувањето за титулата. Ривал на Пеликанс ќе биде Сакраменто кингс кој ноќеска го совлада Голден Стејт вориорс со убедливи 118:94.