Регион

Заврши гласањето за парламентарните избори во Хрватска

17.04.2024 20:11

На 165 листи, 2.302 кандидати се бореа за 151 мандат во хрватскиот Сабор...

Заврши гласањето за парламентарните избори во Хрватска. Во 21 часот се очекува Државната изборна комисија да ги објави и првите резултати. На 165 листи, 2.302 кандидати се бореа за 151 мандат во хрватскиот Сабор.

Владејачката ХДЗ предводена од актуелниот премиер Андреј Пленковиќ наспроти Сојузот на центристичките и левичарските партии, неформално предводен од претседателот Зоран Милановиќ и неговата СДП.