ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024- ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ-ВТОР КРУГ

26.04.2024 07:00

Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување за кандидатите за претседател на претседателските избори 2024.

МРТ ги повикува сите политички субјекти кои учествуваат во изборниот процес за претседател во вториот  круг од претседателските избори 2024 да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на Првиот програмски сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:

•           Секој работен ден од 29.04.2024 до 2.05.2024, од 12.00 до 15.00 часот во студијата на Македонската телевизија.

•           Снимениот материјал ќе се емитува на 2.05.2024, од 16.00 до 23.00 часот на Првиот програмски сервис.

МРТ ги известува политичките субјекти дека правото за бесплатното политичко претставување треба да го искористат за афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени предвид за емитување.

Закажувањето на снимањата на претставниците на политичките коалиции и партиите се најавува на следниот телефонски број: 071 350 848 или на електронската адреса [email protected]