здравје

Чај од липа, најдобар борец против стресот

18.04.2024 20:49

Чајот од цвет од липа се користи традиционално како помош при вознемиреност, респираторни инфекции и дигестивни проблеми...

Топлиот чај од липа се користи за многу здравствени проблеми. Чајот од цвет од липа се користи традиционално како помош при вознемиреност, респираторни инфекции и дигестивни проблеми. Овој пијалак делува смирувачки на нервниот систем и благодарение на благото седативно дејство се препорачува за ублажување на симптомите на анксиозност и стрес.

Може да ја намали и главоболката. Ја подобрува циркулацијата и го стимулира потењето така што се користи и за намалување на покачена температура кај настинки и грип.

Корисен ефект има и врз дигестивниот тракт. Овој чај помага при болки во стомакот заради надуеност, гас, грчеви и дијареја.

Жените за време на менопауза пијат чај од липа затоа што ја намалува нервозата и го подобрува сонот.

Во традиционалната медицина чајот од липа се користел за смирување и намалување на симптомите на анксиозноста.