Во прилепско почна теренска имунизација на населението
Со 12 акции за вакцинација, посебно во населбите и населените места во прилепско ќе се регулира процесот на имунизација на населението, гласно децата и младите. Надлежните велат засега епидемиолошката слика е стабилна, но треба да се зголеми процентот на имунизација во ромската населба и некои села. Инаку во прилепско досега се регистрирани два случаи на голема кашлица кај петмесечни бебиња. Екипата на МТВ беше на терен заедно со медицинските лица.

Сибел Азизоска од прилепската населба Тризла е мајка на четири деца. Вели, знае дека вакцините ги штитат децата, но не може да стигне до диспанзерот.
Само 70 насто е опфатот на вакцинирани во оваа населба. Ќе се спроведат 12 теренски акции во населбата и дел села каде треба да се зголеми опфатот и да се подигне свеста за имунизацијата.
Во Прилепско досега се регистрирани два случаи на голема кашлица кај петмесечни бебиња и тоа со добиена прва доза вакцина. Тие се во добра состојба. Епидемиолозите очекуваат изолирани случаи, но не и разнишана епидемиолошката состојба.
Генерално, во Прилеп процентот на имунизација е преку 90 насто.
Елизабета Митреска
