Индија
Почна гласањето за изборите во Индија
20.04.2024 12:16
Опфатени се 166 милиони гласачи – при што излезноста била 60 насто, објави Изборната комисија...

Индија ја заврши првата од седумте фази од гласањето за општите избори. Беа опфатени 166 милиони гласачи – при што излезноста била 60 насто, објави Изборната комисија.
На најголемите избори во светот, следно гласање ќе се одржи на 26 април, а процесот во целост завршува на први јуни. Резултатите ќе бидат објавени на 4 јуни.
Право на глас имаат 968 милиони луѓе.
Премиерот на најнаселената земја во светот, Нарендра Моди, се бори за историски трет мандат.
