55 години македонска дипломатија
Ден на македонската дипломатија. Министерството за надворешни работи слави 55 години од основањето…

Повеќе од половина век македонска дипломатија која се соочи со многу искушенија и премрежја, особено после осамостојувањето на земјата. Македонија излезе од воениот виор преку референдум на мирен пат. А сложените геополитички состојби сепак, успешно беа надминати со влегувањето на земјата во семејството на Обединетите нации. Како круна беше минатогодишното претседателствување со ОБСЕ и тоа во услови на војна во Украина. Ресорниот министер Османи посочувајќи ги успесите на МНР меѓу другите ги наброја Рамковниот договор, Договорот од Преспа, почетокот на преговорите со ЕУ и ги пофали сите кадри.
Поранешни дипломати предупредија на слабостите во однос на процентуалниот сооднос меѓу професионалните и политичките кадри.
Своите корени македонската дипломатија ги влече од 1969 година кога беше основано Бирото за односи со странство, подоцна преименувано во секретаријат во рамки на поранешната заедничка држава.
Фиљана Кока
