избори 2024

Продолжува претставувањето на изборната програма

02.05.2024 08:11

Уште неколку дена остануваат до молкот за вториот круг од претседателските и пред парламентарните избори...

Партиите и претседателските кандидати продолжуваат со претставување на своите програми, средби со граѓани и митинзи за претстојните двојни избори. Уште неколку дена остануваат до молкот за вториот круг од претседателските и пред парламентарните избори.

Реториката се заострува, а се презентираат и програмите со низа ветувања за подобар животен стандард, борба со криминалот и корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја презентира својата програма пред граѓаните во Дебар, Маврово-Ростуше, Гостивар и во Тетово. И социјалдемократите продолжуваат со средби, митинзи и претставување на својата програма. Прес-конференција најавуваат и од Европскиот фронт, а движењето ЗНАМ ќе има средби со граѓани.  Работничката партија ќе ја претстави својата изборна програма пред жителите на Ресен.

Со изборниот карван и средби со граѓани продолжува и Левица.