здравје

Марула, вкусна и здрава салата

02.05.2024 10:38

Изобилува и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо...

Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К. Таа е богата и со минерални соли, лутеин и со бета-каротин. Изобилува и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува во својот состав и други неопходни материи за организмот, меѓу кои витамин А, Б6, ликопен и калиум.

Високите нивоа на калиум во марулата можат да придонесат во намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања.

Спречува настанување на наслаги на крвните садови, исто така го намалува ризикот од инфаркт и други несакани состојби на кардио васкуларниот систем.

Марулата е пријател на целото тело, ги штити сите системи и органи, и го регулира крвниот притисок. Таа е исклучително богата со витамин Ц, но и други витамини од групата Б, Е и А.

Ја одржува кожата ја храни и рехидрира и го спречува појавувањето на брчки.