Млад кромид-вистинска ризница на важни хранливи материи
Заради благотворното дејство врз здравјето, кромидот со право зазема посебно место во алтернативната и народната медицина...

Придонесува за побогат вкус и текстура на оброкот. Содржи значителни количини на витамини А и Ц, а се издвојува по високото ниво на витамин К. Има и витамин Е и витамини од групата Б – тиамин (Б1), рибофлавин (Б2), ниацин (Б3), пиридоксин (Б6) и фолна киселина (Б9).
Од минералите содржани во кромидот се издвојуваат калиумот, калциумот, натриумот, железото, фосфорот, сулфурот, магнезиумот, хромот, како и некои вредни, но ретко присутни во секојдневната храна, како што се селен, манган, флуор и кобалт.
Заради благотворното дејство врз здравјето, кромидот со право зазема посебно место во алтернативната и народната медицина. Младиот кромид содржи каротеноиди, вклучувајќи витамин А, лутеин и зеаксантин кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето на очите.
Младиот кромид го одржува здравјето на срцето и крвните садови. Супстанциите содржани во кромидот ја поттикнуваат циркулацијата, го спречуваат формирањето на згрутчување на крвта и спречуваат затнување на крвните садови и тромбоза.
Го стимулира ослободувањето на инсулин и на тој начин помага во контрола на високите нивоа на шеќер во крвта.