Здравје

Риба- за подобро здравје и многу хранливи материи

09.05.2024 10:52

Докажано е дека месото од риба и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење...

Рибата е богата со омега-3 масни киселини, витамини, железо, цинк, протеини и многу други хранливи материи, кои во голема мерка ги подобруваат нашето здравје и позитивно влијаат на организмот. Секоја риба не е подеднакво здрава бидејќи секоја не содржи еднаков број хранливи материи. Доколку сакате на семејството да му приредите здрав и вкусен ручек, рибата дефинитивно треба почесто да се наоѓа на вашето мени, дури и кога не станува збор за пост.

Рибата е најздрава кога се подготвува во вода, односно кога се вари. Докажано е дека месото од риба и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење. Некои болести и тегоби на кои рибиното месо делува како лек: акни, анемија, анксиозност, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, загуба на помнење, депресија, импотенција, имунодефициенција, некои видови рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, ПМС синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен умор, намалени триглицериди во крвта, намалени липиди во крвта, стрес, го успорува стареењето.

Сардините, иако се мали, содржат голема количина омега-3 масни киселини, дури и кога станува збор за конзервирана риба. Одличен извор се на витамин Б12, минерали и калциум кој се содржи во меките коски.

Туната е добар извор на омега-3, витамини Д и Б12, но и на јод и селен. Со оглед на тоа што е поголема риба, важно е да внимавате колку често јадете, бидејќи не треба да се претерува.

Многу е важно туната што ја подготвувате сами да биде добро обработена. Нешто поздраво решение од вообичаените сендвичи со туна или паштета е туна во состав на салата.

Освен што е премногу вкусен, лососот е и многу здрав. Со јадење лосос во организмот внесувате голема количина омега-3, витамин Д3, протеини, витамин Б12. Дивиот лосос, купени кај рибар, имаат повеќе хранливи материи од одгледуваните.

Скушата е одличен извор на омега-3, витамини Б12 и Д. Помасни се од туната, а многу вкусни. Скушата за многумина е најдобра кога е приготвена на скара, а од неа може да се подготви и здрава варијанта на паштета.