Никола Јокиќ повторно избран за најдобар играч во НБА лигата

09.05.2024 10:55

Јокиќ доби 926 гласови (79 први места), второто место го зазеде Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер со 640, а трет беше Лука Дончиќ од Далас Маверикс со 566.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (29) е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата, трет пат во последните четири сезони.

Јокиќ доби 926 гласови (79 први места), второто место го зазеде Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер со 640, а трет беше Лука Дончиќ од Далас Маверикс со 566.

29-годишниот играч оваа сезона блеска. Vо лигашкиот дел од натпреварувањето имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скока и девет асистенции.

Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон имаат по три МВП титули, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс имаат една повеќе, Бил Расел и Мајкл Џордан освоија по пет, додека Карим Абдул Џабар е неприкосновен со седум.

Фото: НБА