Денвер изедначи во серијата во НБА плејофот
13.05.2024 16:57
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Едвардс, кој постигна 44 поени, но и тоа не беше доволно Минесота да го избегне поразот.
Денвер ноќеска ја победи Минесота на гостински терен во четвртиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со резултат 115:107.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Едвардс од Минесота, кој постигна 44 поени. Кај Нагетс, центарот Никола Јокиќ постигна 35 поени.
Резултатот во серијата прв до четири победи е 2:2. Следниот натпревар ќе се одигра на 15 мај на теренот на Денвер.