Бостон со победа ја започна полуфиналната серија против Индијана

22.05.2024 10:55

Најпродуктивниот играч на средбата беше Џејсон Тејтум, кој забележа дабл-дабл со 36 поени и 12 скока.

Кошаркарите на Бостон Селтикс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија на НБА плејофот. Селтикс ноќеска на домашен терен славеа победа по продолжение со 133:128.

Најпродуктивниот играч на средбата беше Џејсон Тејтум, кој забележа дабл-дабл со 36 поени и 12 скока.

Вечер во 2:30 часот по полноќ стартува финалната серија во Западната конференција. Минесота Тимбервулвс во Минеаполис ќе го пречека тимот Далас Маверикс.

За пласман во големото финале се потребни четири победи.