Димитриевски пред потпис со Валенсија
22.05.2024 10:59
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека нашиот голман ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од „Местаља“.

Македонскиот голман Столе Димитриевски е пред потпис со шпанска Валенсија, пренесуваат повеќе медиуми.
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека нашиот голман ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од „Местаља“.
Според неговите информации неговиот договор ќе биде со важност до 2028 година, а Димитриевски ќе биде прв голман на Валенсија.