Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа над Пелистер
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и по трет пат беа подобри од Пелистер со резултат 78:67 во финалната серија од Првата македонска лига за конечни 3-0...
![](https://www.mrt.com.mk/sites/default/files/%D0%BF%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%20%D0%BC%D0%B7%D1%82_0_3.jpg)
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и по трет пат беа подобри од Пелистер со резултат 78:67 во финалната серија од Првата македонска лига за конечни 3-0 и вкупно 11 шампионско одличје во историјата. Уште еднаш, крунисувањето е во Битола, каде екипата од Аеродром по петти пат по ред стигна до трофејот.
Битолчани одлично го отворија третиот меч од финалето, за четири минути од играта поведоа со 13:14, нешто потоа имаа и 15:18. Но, до крајот на првото полувреме, МЗТ Скопје Аеродром направи пресврт. Не само што ја стигна стартната негатива, туку првата четвртина гостите од Скопје ја решија во своја корист (20:18).