Леклер конечно победи во Монте Карло
Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата и водеше во текот на целата трка, победи за прв пат на домашната патека во Монте Карло и во својот роден град ја забележа шестата победа во кариерата.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако.
Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата и водеше во текот на целата трка, победи за прв пат на домашната патека во Монте Карло и во својот роден град ја забележа шестата победа во кариерата.
Второто место го зазеде Оскар Пјастри од Мекларен, а третото Карлос Саинц од Ферари.
Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои четвртото место, петти беше Џорџ Расел од Мерцедес, а шести актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул.
Шампионатот во Формула 1 продолжува на 9 јуни со Големата награда на Канада.