Бизнисмените бараат побрзи царински процедури за олеснување на трговијата
За да се олесни трговијата и да се зголеми протокот на стоки долж Коридорот 8 и 10, Стопанската комора иницира меѓународно оперативно тело...

Слабата инфраструктура и високите царински бариери. Ова се некои од проблемите со кои и натаму се соочуваат домашните компании. Бизнисмените бараат и подобри релациите со другите држави, коишто меѓудругото, ќе донесат унифициранипатни такси и намалување на бројот на дозволи.
„Да имаме ние еднострано царинење на било кој граничен премин, од една страна тоа не предизвикува никакви дополнителни финансиски ангажирања, не бара никакви инфраструктурни инвестиции“, смета бизнисменот Иван Петрески.
„Ние сме некако како изолирана држава, односно за роба да дојде од Приштина до Скопје над ни требаат од пет до седум дена“, нагласи бизнисменот Аце Антевски.
За да се олесни трговијата и да се зголеми протокот на стоки долж Коридорот 8 и 10, Стопанската комора иницира меѓународно оперативно тело.
„Од круцијално значење за бизнис заедницата е како ќе биде самата оперативност и функционалност на овие коридори, односно каков ќе биде протокот и како ќе се движат стоките по истите“, вели Билјана Пеева.
Во светскиот процес на глобализацијата европските Коридори 8 и 10 се потреба и реалност, повторуваат домашните бизнисмени.
Дијана Ценевска
