Здравство

Протест на матичните лекари

29.05.2024 13:24

Протестот се реализира низ целата земја пред подрачните единици на Фондот за здравство...

Матичните лекари излегоа на краток протест за време на пауза. Неприфатливо е да се намалува капитација за лекување на народот, велат тие. Прашуваат – на кој пациент да му скратиме од хронична терапија или антибиотик? Протестот се реализира низ целата земја пред подрачните единици на Фондот за здравство. Петар Печков известува за протестот во Велес. Од Прилеп атмосферата ја пренесува Елизабета Митреска. Кои се барањата на матичните лекари од Скопје и има ли некаков институционален одговор, известува Наташа Јанчиќ-Менкоски.