Продолжуваат разговорите за новиот владин состав
Откако ги договорија министерските позиции, преговорите на политичките партии стигнаа до вториот и третиот ешалон. Сега се дефинираат заменик министерските и директорските места. До средина на јуни, „Илинденска“ ќе има нов состав на влада.
Продолжуваат преговорите за новиот состав на Владата. Откако ги договорија министерските позиции, преговорите на политичките партии стигнаа до вториот и третиот ешалон. Сега се дефинираат заменик министерските и директорските места. До средина на јуни, „Илинденска“ ќе има нов состав на Влада.
Од она што досега е познато е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со 11 министерства во идната влада, меѓу кои и клучните ресори – МВР, МНР, Одбрана, Финансии, Образование, Земјоделство, Транспорт и врски, Енергетика, Култура, Локална самоуправа и Политички систем.
За „Вреди“, во Владата со 20 ресори, ќе има пет министерства, плус министер без ресор. Од движењето ЗНАМ треба да ги преземат министерствата за правда и администрација, а кои се кадрите сè уште останува непознато.