МТСП

Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2023/2024 година

30.05.2024 12:38

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2023/2024 година...

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2023/2024 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

-за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
-за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
-за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
-за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.