Светски ден на мултипла склероза
Како до поквалитетен живот и социјална инклузија на лицата заболени од мултипла склероза? Денеска се одбележува Светскиот ден на оваа болест, а за подигнување на јавната свест и проблемите со кои се соочуваат, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет организираше марш...

Со малку зборови, да кажеме многу. Од здружението „Мобилност“ излегоа на марш и испратија порака до надлежните дека е потребно да бидат видени и да покажат дека треба да имаат еднакви можности за лицата со мултипла склероза исто како и со другите. Раното откривање на болеста е клучна велат, но лековите за третирање не се конкретни, туку се само имуномодулатори, но и тие не им се достапни во доволен број, велат од здружението.
Лицата со инвалидитет и со телесна попреченост апелираа на поголема вклученост на лекарите од Неврологија.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека предизвици за новата Влада ќе има многу за да им помогнат на овие лица да живеат достоинствен живот.
И градоначалникот на Гази Баба се вклучи во маршот на лицата со телесни инвалидитети „Мобилност“ Скопје за да им даде како што кажа поддршка во насока на остварување и подобрување на нивните права.
На секои 5 минути во светот една личност добива дијагноза мултипла склероза.
Инаку болеста резултира со оштетување што доведува до симптоми кои може да варираат од личност до личност. Целта на маршот е подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза за нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија.
Александра Спировска