Избори 2024

Одбиена тужбата на Европскиот фронт, нема промена на пратеничките мандати

30.05.2024 13:20

За пратеничките мандати на политичките партии кои ги освоија на парламентарните избори, но и на прегласувањето, нема да има промена...

За пратеничките мандати на политичките партии кои ги освоија на парламентарните избори, но и на прегласувањето, нема да има промена. Управниот суд ја одби тужбата поднесена од Европскиот фронт, како неоснована. Коалицијата предводена од ДУИ, со прегласувањето во петата и шестата изборна единица изгубија еден од двата мандата. Известува Викторија Милевска.