МРТ
Повик за аудиција на вокален интерпретатор за Јуниорски Евросонг 2024
03.06.2024 14:45
Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември 2024 година.

Македонската Радио Телевизија објавува Повик за аудиција на вокален интерпретатор за Јуниорски Евросонг 2024, кој оваа година се одржува во Мадрид, Шпанија.
Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември 2024 година.
Кандидатите, апликациите ги поднесуваат на електронската адреса: [email protected].
Учесниците на аудицијата ќе исполнат две композиции по сопствен избор на инструментална матрица.
Аудицијата ќе се одржи на 19 јуни (среда) со почеток од 10.00 часот во студијата на МРТ.
Повеќе за повикот и правилата за учество на следниот ЛИНК.
