Ракомет

Седум ракометари се разделуваат од Еурофарм Пелистер

04.06.2024 11:39

Еурофарм Пелистер по крајот на тековната сезона се разделува со седум свои ракометари и ќе направи сериозни промени во играчкиот кадар...

Еурофарм Пелистер по крајот на тековната сезона се разделува со седум свои ракометари и ќе направи сериозни промени во играчкиот кадар. За дел од нив веќе од претходно беше познато дека заминуваат.

Битолчани останаа без голманското трио, бидејќи следната сезона дел од тимот нема да бидат Урбан Лесјак, Калифа Гедбан и Марко Кизиќ. Покрај голманите, од Еурофарм Пелистер заминуваат бековите Марио Танкоски и Руди Сери, како и кружните напаѓачо Денис Васиљев и Матеуж Пиеховски кој последен дојде во тимот.

Како првак на Македонија тимот од Битола има право да аплицира за „вајлд карта“ за Лигата на шампионите, додека има сигурно место во групите на Европската лига на ЕХФ.