Економија

Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, стабилизирање на цената со почеток на жетвата

12.06.2024 19:20

Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија посочуваат дека ова се должи на зголемените цени на пченицата на светските берзи и поскапото брашно.

Поскапе белиот и полубелиот леб на парче. Дел од компаниите го продаваат и за 10 проценти поскапо, наместо за 29 како досега, за 33 денари. Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија посочуваат дека ова се должи на зголемените цени на пченицата на светските берзи и поскапото брашно.

Стабилизирање на ситуација се очекува со почетокот на жетвата, кога цената на лебот треба да се врати на исто ниво како што беше досега. Нема промени кај останатите пекарски производи.