Франција

Демонстрации против крајната десница во Франција

16.06.2024 10:23

На неколку протестни маршеви дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата и, според пишувањата на медиумите, причинета е материјална штета.

Пред претстојните парламентарни избори, илјадници луѓе протестираа во Париз и во градовите низ Франција против „Националниот собир“, партија од крајната десница.

На неколку протестни маршеви дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата и, според пишувањата на медиумите, причинета е материјална штета. Демонстрации се планирани и за денеска.

Претседателот Макрон повика на предвремени избори по поразот на неговата партија на изборите за европскиот парламент минатата недела. Француските гласачи, од 30 јуни до 7 јули ќе излезат на гласање за да изберат нов парламент.