САД

Вооружена престрелка во парк во Детроит, најмалку девет ранети

16.06.2024 11:02

Во нападот, осумгодишно момче било застрелано во главата и се бори за живот. Ранет бил и помладиот брат на момчето, но е во стабилна состојба...

Најмалку девет лица се ранети во вооружена престрелка во парк во Детроит. Во нападот, осумгодишно момче било застрелано во главата и се бори за живот. Ранет бил и помладиот брат на момчето, но е во стабилна состојба. Нивната мајка е во критична состојба, откако била ранета во стомакот и ногата.

Осомничениот за пукањето е пронајден мртов во блискиот дом.

Инцидентот се случил откако маж врз преполниот парк испукал околу 30 куршуми, потврди на прес-конференција шерифот на округот Оукланд. Мотивите се истражуваат.