Украина

Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина

18.06.2024 09:24

Пожар во складишта за нафта по напад со дронови во руската Ростовска област, во градот Азов...

Пожар во складишта за нафта по напад со дронови во руската Ростовска област, во градот Азов. Жестоки битки и на фронтот во Украина. Зеленски вели дека постепено ги туркаат руските војници од Харков.

Рускиот претседател во посета на Северна Кореја, се очекува потпишување важни документи. Двете земји, кои подлежат на меѓународни санкции ги зголемија билатералните односи од почетокот на руската инвазија на Украина, за што Западот обвинува дека Пјонгјанг ја помага Москва со оружје.

Вашингтон и Сеул алармираат за посетата на Путин на Пјонгјанг. По Северна Кореја, Путин заминува во посета на Виетнам.